logo
logo
logo

70 милијарди долари за обнова на Газа - 80% од објектите уништени

Vecer | 14.10.2025

70 милијарди долари за обнова на Газа - 80% од објектите уништени

 Најoчајна е состојбата во градот Газа, каде според програмата за развој на Светската организација, без оштувања се само осум проценти од објектите. Проценките се дека реконструкцијата ќе чини над 70 милијарди долари, а тоа според претседателот Трамп е клучниот приоритет во Мировниот договор, кој синоќа беше потпишан во Египет.. Тој избегна да одговори дали решението за две држави на Блискиот исток останува на маса. 

-Не зборувам за една држава, двојна држава или две држави. Зборуваме за обнова на Газа. На многу луѓе им се допаѓа решението со една држава, на некои решение со две држави. Некои луѓе велат дали прерано се прогласи мир на Блискиот Исток, за чиј мир требаа три илјади години? –Зошто? Сакате да бидат убиени уште луѓе? , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Но, жртви во Газа паднаа и ден по официјализирањето на примирјето, потврдувајќи ја кревкоста на мирот во регионот. Најмалку шестмина Палестинци се убиени во северниот дел на енклавата, откако израелските трупи отвориле оган врз групата која им се доближила и одбивала да се повлече. Инцидентот фрла сенка во пресрет на имплементацијата на втората фаза од договорот, кој меѓудругото, предвидува демилитаризација на Газа и разоружување на Хамас, прашања што според францускиот претседател Макрон, во моментов се најголем предизвик.

-Во наредните недели и месеци ќе има терористички напади, дестабилизација, моменти што ќе бидат тешки, затоа што не можете преку ноќ да распуштите терористичка организација со илјадници борци, со тунели и со оружје. , изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

По вчерашното ослободување на 20-те живи заложници од страна на Хамас, во Израел денеска расте бесот поради тоа што милитантната организација врати само четири од 28-те безживотни тела на починатите заложици. Хамас соопшти дека им треба повеќе време за да ги лоцираат и извлечат телата од разурнатата област.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk