logo
logo
logo

УНГАРИЈА НЕМА ДА: поддржи конфискација на руските средства, испраќа оружје ниту пари за Украина и учествува во воениот заем на ЕУ

Vecer | 15.12.2025

УНГАРИЈА НЕМА ДА: поддржи конфискација на руските средства, испраќа оружје ниту пари за Украина и учествува во воениот заем на ЕУ

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјавил дека „влогот е едноставен – војна или мир“, во пресрет на самитот на Европската Унија во Брисел. Тој на Фејсбук напиша дека Европа се наоѓа „на прагот на огромна можност“ бидејќи САД наскоро би можеле да ја завршат војната во Украина — конфликт што, според него, Европејците не успеале да го решат речиси четири години.

Орбан смета дека Европската Унија оди во погрешна насока продолжувајќи ја војната на фронтот и, како што рекол, „ја интензивира и во економската сфера со конфискација на замрзнат руски имот“.

Според него, тоа претставува „отворена објава на војна“ и ќе предизвика одговор од Москва.

„Немаме причина да ја менуваме унгарската позиција. Војната не може да се реши на фронтот. Треба да направиме она што го прави американскиот претседател Трамп, да преговараме“, рекол Орбан пред унгарските пратеници.

Првиот човек на унгарската влада исто така потврди дека Унгарија нема да поддржи конфискација на руските средства, нема да испраќа оружје ниту финансиска помош за Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ.

Орбан предупредил дека следи „турбулентна недела“ за европската дипломатија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk