logo
logo
logo

ТРАМП ПЛАНИРА ДА ГО ПОКАНИ ПУТИН НА Г-20 - Голем рестарт во Мајами?

Vecer | 24.04.2026

ТРАМП ПЛАНИРА ДА ГО ПОКАНИ ПУТИН НА Г-20 - Голем рестарт во Мајами?

Соединетите Американски Држави планираат да упатат официјална покана до рускиот претседател Владимир Путин за учество на претстојниот самит на Г-20, кој треба да се одржи во декември во Мајами. Самитот ќе биде организиран во приватното одморалиште на американскиот претседател Доналд Трамп, што дополнително му дава на овој настан специфична политичка тежина, пренесува „Вашингтон Пост“.

Од Стејт департментот потврдија дека ставот на Трамп е кристално јасен - Русија е добредојдена на состаноците на Г-20. Иако официјалните покани сè уште не се испратени до светските лидери, високи претставници на администрацијата за „Вашингтон пост“ потврдија дека Русија, како полноправна членка на групата, ќе биде вклучена во сите нивоа на состаноци, вклучувајќи ги и министерските средби и самитот на лидери.

„Во моментов не се издадени официјални покани, но Русија е членка на Г-20 и ќе биде поканета да присуствува на министерските состанки и самитот на лидерите“, изјавил висок функционер на администрацијата под услов да остане анонимен.

Овој потег означува драстично отстапување од политиката на претходната администрација и сојузниците, кои се обидуваа да ја изолираат Русија по почетокот на војната во Украина.

Присуството на Путин на американско тло, и тоа во резиденцијата на самиот Трамп, веројатно ќе предизвика низа реакции во меѓународната заедница, особено кај европските сојузници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk