logo
logo
logo

МАРКО РУБИО до Иран: НИЕ НЕ СМЕ ВКЛУЧЕНИ ВО НАПАДОТ, да бидам јасен - не ги таргетирајте нашите интереси или персонал

Vecer | 13.06.2025

МАРКО РУБИО до Иран: НИЕ НЕ СМЕ ВКЛУЧЕНИ ВО НАПАДОТ, да бидам јасен - не ги таргетирајте нашите интереси или персонал

Израел го нападна Иран во ноќта од четврток кон петок, а иранските медиуми објавија дека во Техеран се слушнале експлозии. Нападот се случува во време кога Американците се обидуваа да го принудат Иран да го запре производството на материјали за атомска бомба.

Израел објави дека прогласува вонредна состојба во очекување на нападите со ракети и беспилотни летала од страна на Техеран.

Се обрати и американскиот државен секретар Марко Рубио.

„Вечерва, Израел презеде еднострани дејствија против Иран. Ние не сме вклучени во нападите врз Иран и наш главен приоритет е заштитата на американските сили во регионот. Израел нè информираше дека веруваат дека оваа акција била неопходна за негова самоодбрана.

Претседателот Трамп и администрацијата презедоа сите потребни чекори за да ги заштитат нашите сили и да останат во близок контакт со нашите регионални партнери. Да бидам јасен: Иран не треба да ги таргетира американските интереси или персонал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk