logo
logo
logo

КАКО УСПЕАА? Никој не загинал во сообраќај во оваа европска престолнина веќе 12 месеци

Vecer | 31.07.2025

КАКО УСПЕАА? Никој не загинал во сообраќај во оваа европска престолнина веќе 12 месеци

Многу фактори придонесоа за овој успех, но ограничувањата на брзината се меѓу најважните.

Официјални лица од Хелсинки, главниот град на Финска, потврдија за локалниот медиум YLE дека од почетокот на јули 2024 година до денес, не доживеале ниту една фатална сообраќајна несреќа, со што постигнале исклучително значајна пресвртница за овој нордиски град.

Ова достигнување не е резултат на една голема промена во политиката, туку на низа помали мерки кои заедно произведоа значаен резултат.

„Многу фактори придонесоа за овој успех, но ограничувањата на брзината се меѓу најважните“, рече Рони Утриаинен, сообраќаен инженер во Одделот за урбана средина во Хелсинки.

Порано оваа година, Хелсинки ги намали ограничувањата на брзината во близина на училиштата на 30 километри на час. Денес, повеќе од половина од улиците во градот го имаат токму ова ограничување.

Пред 50 години, истите тие улици имаа ограничување од 50 км/ч, наведува YLE.

Секако, не е сè во ограничувањето на брзината. Инфраструктурата за велосипедисти и пешаци е значително подобрена, додека бројот на системи за автоматска контрола на сообраќајот (камери за брзина и црвено светло) е зголемен.

Кога на тоа ќе се додадат поголем број сообраќајни полицајци, ефикасен систем за јавен превоз и модерни технологии за активна безбедност во автомобилите, резултатот е: нема смртни случаи во сообраќајот за 12 месеци.

Смртните случаи не се единствениот показател за подобрување на безбедноста.

Бројот на сообраќајни повреди во Хелсинки е исто така драстично намален - од речиси 1.000 инциденти годишно во просек во 1980-тите на само 277 во последната година, објавува YLE.

Утриаинен признава дека градските власти дале голем придонес, но тој исто така ја фали одговорноста на возачите, велосипедистите и пешаците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk