logo
logo
logo

Челниците на ЕУ очекуваат ВРАЌАЊЕ НА УНГАРИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Vecer | 13.04.2026

Челниците на ЕУ очекуваат ВРАЌАЊЕ НА УНГАРИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата изјави дека победата на опозициската партија Тиса и нејзиниот лидер Петер Маѓар на парламентарните избори во Унгарија значи дека земјата се враќа на својот европски пат.

„Унгарија ја избра Европа. Европа отсекогаш ја избрала Унгарија. Земјата се враќа на својот европски пат. Унијата станува посилна“, рече таа на платформата X.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, рече дека рекордната излезност го одразува демократскиот дух на унгарскиот народ, нагласувајќи дека очекува тесна соработка со Унгарците за зајакнување и просперитет на Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk