logo
logo
logo

Тајни документи на ЦИА откриваат локации на бази на НЛО?!

Vecer | 11.05.2025

Тајни документи на ЦИА откриваат локации на бази на НЛО?!

Ново поглавје во истражувањето на вонземските форми на живот беше отворено на неодамнешното сослушување на американскиот Конгрес за неидентификувани летачки објекти, на кое присуствуваа водечки уфолози и претставници на Пентагон. Експертите повторно изнесоа тврдења за постоење на интелигентен живот надвор од Земјата, а еден од клучните докази беше презентиран како дел од тајната програма на ЦИА наречена „STARGATE“.

Станува збор за проект во кој се вработени лица со наводни натприродни способности, првенствено со дарба за „далечинско гледање“ – метод со кој е можно да се набљудуваат далечни локации, настани или субјекти без физичко присуство и со минимални податоци.

Таен извештај за три бази – на Алјаска, Јужна Америка и на Титан

Документ од 12 страници од 1987 година, кој сега е објавен, опишува три можни бази на НЛО активност: една на сатурновата месечина Титан и две на Земјата. Според извештајот на „оддалечен набљудувач“, едниот се наоѓа во близина на планината Хејс во Алјаска, додека другиот се наоѓа некаде јужно од Екваторот, веројатно во Јужна Америка или Африка.

Документот содржи текстуални описи и скици на локациите, а особено е интересно што ентитетите видени на овие локации се опишани како „пријателски настроени и отворени за контакт“.

На Алјаска – суштества слични на луѓе без лица

Според снименото сведоштво, на локацијата во Алјаска, набљудувач видел два ентитета пред објектот, кои извршувале рутинска активност, додека уште две суштества биле во базата. Едниот седел на конзола и имал човечка форма, но без јасно дефинирани црти на лицето, додека другиот правел нешто во позадина. Набљудувачот наведува дека сите субјекти биле пријателски расположени и дури му дозволиле да ја набљудува нивната работа на конзолата.

На Титан – луѓе во вселената?

На специјална сесија во ноември 1986 година, беше набљудуван Титан, каде што не беа забележани вонземски суштества, туку луѓе. Двајца мажи седеле на контролната табла, водени од жена со кафеава коса во светлозелен лабораториски мантил. Таа е опишана како „привлечна“ и супериорна во однос на двајцата мажи, што дополнително го комплицира прашањето: ако има луѓе на Титан – кој ги испратил и зошто?

Трета база: Јужно од Екваторот, ентитети без лица и со роботски глави

На трета локација, јужно од Екваторот, биле видени два ентитета: едниот со голема, тркалезна глава слична на робот, другиот без лице, но со човечка форма. Првиот изгледал механички и без емоции, додека вториот оставал впечаток на пријателско присуство. Иако звучи како научна фантастика, документите доаѓаат од архивите на американската разузнавачка служба и се дел од програма која имала и научен и воен надзор.

Дали треба да им веруваме?

Иако овие тврдења не се потврдени со класични научни методи, останува фактот дека тие се собрани како дел од официјална американска разузнавачка програма, што им дава одредена тежина. Зголемениот број на отворени досиеја и признанија од самиот врв на американската администрација укажуваат дека ваквите истражувања повеќе не можат да се отфрлаат како обични теории на заговор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk