logo
logo
logo

Европол: СЕКОЈ ТРЕТ ОСОМНИЧЕН ЗА ТЕРОРИЗАМ Е ПОМЛАД ОД 20 ГОДИНИ

Vecer | 24.06.2025

Европол: СЕКОЈ ТРЕТ ОСОМНИЧЕН ЗА ТЕРОРИЗАМ Е ПОМЛАД ОД 20 ГОДИНИ

Се помлади и помлади луѓе стануваат терористи, при што речиси секое трето лице осомничено за тероризам минатата година имало помалку од 20 години, а најмладото само 12, се наведува во објавениот извештај на Европол.

„Онлајн заедници слични на култови“ користат дигитални платформи за ширење и нормализирање на слики од екстремна суровост, изнудување жртви и поттикнување на млади луѓе на насилство, соопшти европска полициска организација при презентирањето на извештајот за трендовите во тероризмот во Хаг.

Според Европол, многу од овие насилни групи се поврзани со џихадистички тероризам и крајно десничарски екстремистички групи.

Целна група: деца

Групите особено се фокусираат на ранливи млади луѓе, обично на возраст меѓу 8 и 17 години, соопшти европската агенција.

„Терористичките групи ги таргетираат ранливите лица, особено оние со проблеми со менталното здравје, социјална изолација или дигитална зависност“, изјави шефицата на Европол, Катрин де Бол.

Комесарот на Европската комисија за внатрешни работи, Магнус Брунер, повика на претпазливост.

„Мораме да бидеме особено внимателни кога станува збор за радикализација на младите луѓе и терористичката и екстремистичка експлоатација на интернет платформите“, рече тој.

Вештачка интелигенција за создавање омраза

Според Европол, геополитичките тензии, исто така, придонесуваат за радикализација. Во овој контекст, агенцијата ги споменува конфликтот во Газа, руската војна во Украина и нестабилната ситуација во Сирија.

Друг загрижувачки развој е употребата на нови технологии за радикализација и регрутирање на потенцијални криминалци, соопшти Европол.

Вештачката интелигенција наводно се користи во невидени размери за производство и ширење пропаганда и омраза.

Според Европол, вкупно 58 терористички напади се регистрирани во 2024 година од страна на 14 земји-членки на Европската Унија, од кои 34 биле извршени, додека други не успеале или биле спречени, а 449 осомничени биле уапсени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk