Холандската влада ќе ја активира првата фаза од планот за енергетската криза во понеделник, објавија денес извори од холандската влада. Ова е прв пат владата да го активира планот, кој беше дизајниран за време на енергетската криза предизвикана од руската инвазија на Украина во 2022 година, објави Ројтерс.
Активирањето на првата фаза од планот за енергетската криза подразбира дека нема да има непосреден недостиг на пазарот на гориво. Во оваа фаза, енергетските пазари ќе бидат внимателно следени додека владата и индустријата се подготвуваат за влошување на ситуацијата.
Холандскиот премиер Роб Јетен изјави во петокот дека неговата влада ќе објави мерки во понеделник за компензација на жителите на земјата за зголемените трошоци за енергија. Се очекува мерките да вклучуваат даночни олеснувања за сопствениците на автомобили, но не и намалување на даноците на гориво.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата