logo
logo
logo

„15 Французи, 15 Германци... звучи како почеток на виц“

Vecer | 16.01.2026

„15 Французи, 15 Германци... звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено се потсмеваше на иницијативата, додека тензиите меѓу Европа и САД растат поради намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да го окупира арктичкиот остров.

„Гренланд. Се прашувам зошто. Патување?“, рече тој денес во Рим и додаде:

„15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“, рече Кросето за европската мисија.

Министерот уште еднаш потврди дека целта на мисијата не му била јасна.

„Не го разбирам тоа“.

Оваа недела некои европски земји испратија мал број војници на мисија во Гренланд, во знак на солидарност со Данска, што италијанскиот министер за одбрана рече дека не го разбира.

Трамп сака да го преземе Гренланд затоа што вели дека го смета за клучен за безбедноста на САД поради неговата стратешка локација и големите резерви на минерали.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk