Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кога пристигна во Берлин на средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц, се појави во црна облека со палто (сако) што потсетува на затворска униформа.
Во минатото, Зеленски честопати го игнорираше протоколот кога стануваше збор за облекување за време на состаноците со западните лидери.
За време на неговата посета на Белата куќа во февруари, кога нивниот состанок се претвори во жестока дебата, американскиот претседател Доналд Трамп саркастично коментираше дека Зеленски е „добро облечен“.
Од друга страна, некои американски новинари забележаа дека некои во САД не се задоволни што украинскиот претседател не го почитува формалниот стил на облекување. Кога го прашаа кога ќе облече одело, Зеленски одговорил дека тоа ќе го стори само кога ќе заврши конфликтот во Украина.
Сега, за време на посетата на Германија и поради гласините за можни испораки на ракети „Таурус“ на украинските вооружени сили, Зеленски одлучи да ја промени својата вообичаена воена гардероба.

Сепак, неговата нова облека не изгледаше особено формално, особено во споредба со членовите на украинската делегација, вклучувајќи го и неговиот шеф на кабинет, Андреј Јермак.
Зеленски носеше сако што потсетува на затворска униформа или на специјална работна облека, каква што може да се најде на пазарите.
На некои веб-страници можете да најдете комплет затворска облека по цена од околу 2.600 рубли. Исто така, слични јакни со џебови се наменети за вработените во безбедносните служби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата