logo
logo
logo

ЕВРОПА НЕ ЗНАЕ КАДЕ И Е ГЛАВАТА, а ние чекаме да најде решение за нас

Vecer | 29.06.2026

ЕВРОПА НЕ ЗНАЕ КАДЕ И Е ГЛАВАТА, а ние чекаме да најде решение за нас

Европската унија е во хаос и, буквално, не знае каде попрво да тргне во “совршената олуја“ од пердизвии и проблеми на секое поле.

Енергијата е клучен проблем за Унијата која остава тешки последици на граѓаните и индустријата. Имаат најмали резерви на гас во последните 15 години.

Пред десетина години донесоа во повеќе држави закони за затворање на нуклеарните централи, тргнаа во процесот и се случи да немаат доволно струја, а од Русија немаат ефтини енергенси, дополнително Трамп им најави нови услови за купување течен гас од САД, и сега плаќаат десетици милиони евра за рестарт на секоја затворена нуклеарна централа. “Зелената енергија“ се покажа како гол маркетинг и добра заработка за некои.

Проблем со Кина во “цариската војна“ во која Кинезите условуваат понатамошна соработка со вето на испорака на ретки метали кои Еропа ги нема, а алтернативата, купување од Русија, сами ја блокираат. Остатокот од извори низ светот ги зазема или блокира новата политика на САД и Доналд Трамп.

Уривање на евтоиндустријата поради американските санкции и кинеските ефтини автомобили, како и амбицијата на воената индустрија во подем да ги преземе капацитетите на автоиндустријата за потреби на воената индустрија што најавува над 200.000 откази само во Германија.

Политички и расни внатрешни проблеми со масовна миграција во Европа на населението од државите каде што Западот предизвика војни во последните 15 години. Ова е загрозување и на националниот и културен идентите на богатите држави од ЕУ кои се приморани да прифатат таква миграција што под притисок, што поради немање прираст на млада генерација и нови работници во индустриите.

Огромни трошоци за војната во Украина. Досега, во пари и оружје, износ од над 270 милијарди неповратни евра и грижа за над четири милиони украински бегалци.

Политички компромици кои ги поништуваат принципите на ЕУ како што се поттикнување и признавање на сомнитлни избори во Романија, Ерменија и Молдавија. Кршење на принципите за прием на нови држави во ЕУ како случајот со кандидатурата на Украина и Молдавија надвор од прописите кои ЕУ сами ги поставиле. Голема корупција во институциите во Брисел, како во Собранието така и во ивршната власт за кои нема истраги и судска разрешница...

Накусо, Европската унија многу личи на Југославија пред нејзинот распад во 1990 година.

Она што денес се случува со политиката на проширување на Европската Унија повеќе не може да се нарече стратегија. Тоа е лавиринт без излез, во кој ниту Европската комисија, ниту Европскиот совет, ниту најмоќните европски престолнини повеќе не знаат во која насока се движат. Наместо јасна визија, Брисел произведува нови концепти, нови формулации и нови политички конструкции, кои повеќе личат на обид да се прикрие сопствената беспомошност отколку на сериозна политика.

Последниот предлог за „постепена интеграција“ е токму таков пример. Наместо полноправно членство, се нудат делумни економски придобивки. Наместо јасен пат кон Унијата, се нуди долготрајно престојување во некаква политичка чекалница. Наместо предвидливост, кандидатите добиваат уште една фаза од бескрајниот процес. До кога, под какви сулови и за каква цел на крајот?!

Либералните елити во политичка конфузија

Според изјави на експерти за Нова Македонија во срцето на оваа криза се наоѓаат европските либерални политички елити, кои со години ја водеа Унијата без јасен одговор на едноставното прашање – што навистина сакаат од проширувањето?

– Дали целта е прием на нови членки? Дали целта е создавање вечна зона на кандидати? Дали целта е геополитичко влијание без преземање вистински обврски? Никој повеќе не го знае одговорот. Така, Европа денес испраќа пораки што меѓусебно се исклучуваат. Од една страна говори за забрзување на проширувањето, а од друга измислува нови чекори, кои практично го продолжуваат процесот. Од една страна ги повикува кандидатите да спроведуваат болни реформи, а од друга постојано ја поместува целната линија. Тоа не е стратегија. Тоа е политичка конфузија – вели еден дипломат, соработник и брифер за прашања од меѓународна политика и дипломатија.

Македонија како најголема жртва на непринципиелноста

Ниту една земја не ги почувствува последиците од оваа недоследност повеќе од Македонија. Во текот на две децении, земјата постојано добиваше нови услови што не беа дел од првичните критериуми за членство.

Наместо принципот на еднаквост, Македонија се соочи со исклучоци.

Наместо владеење на европските правила, честопати доминираше логиката на билатералните спорови.

Во јавноста се создаде впечаток дека критериумите повеќе не се исти за сите, туку зависат од политичката волја на поединечни држави членки. Таквата перцепција сериозно ја наруши довербата во европскиот процес. Особено беа чувствителни дебатите поврзани со идентитетските прашања. Голем дел од македонската јавност ги доживеа барањата што произлегуваа од преговарачката рамка како навлегување во сфери што се однесуваат на националниот идентитет, јазикот и историското наследство.

Токму затоа денес сè почесто се слуша оценката дека Брисел дозволил процесот на проширување да биде оптоварен со прашања што не требало да станат дел од европските интеграции. Историјата ќе покаже дали европските институции направиле доволно за да го заштитат кредибилитетот на сопствените принципи.

Политика без доверба нема иднина

Најголемата штета што денес ја трпи Европската Унија не е институционална, туку политичка.

– Кога правилата постојано се менуваат, довербата исчезнува. Кога критериумите не важат еднакво за сите, кредибилитетот се губи. Кога секоја нова криза се решава со нова импровизација, институциите изгледаат несигурно. Оваа нова идеја за таканаречена постепена интеграција можеби ќе донесе одредени економски придобивки за кандидатите, но тешко дека ќе ја врати изгубената доверба. Напротив, постои ризик да создаде впечаток дека Брисел повторно бара начин да го одложи вистинското проширување без отворено да го признае тоа – тврдат експертите за ЕУ.

Проектот на европското проширување некогаш беше симбол на надеж, правичност и предвидливост. Денес сè повеќе наликува на процес во кој правилата се пишуваат во движење, а политичките одлуки зависат од дневните потреби на најмоќните членки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk