Штабот на Иранската револуционерна гарда е погоден
Иранската државна телевизија објави дека седиштето на Револуционерната гарда во Техеран е погодено во израелските напади.
Локалните медиуми, исто така, објавуваат дека на споменатата локација може да се видат оган и чад.
Исламската револуционерна гарда е гранка на вооружените сили на Иран и една од најмоќните организации во земјата.
Ирански медиуми: Израел нападна станбени области, убиени се и деца
Иранските државни медиуми објавија дека Израел нападнал станбени области во Техеран и други градови.
Меѓу загинатите имало деца, објави иранската државна телевизија, повикувајќи се на Ројтерс.
Извори од Израел: Се подготвуваме за многу значајна одмазда
Израел се подготвува за многу значајна иранска одмазда што ќе биде во поголем обем од претходните ирански напади врз Израел, потврдија израелски извори за CNN.
Израел има намера да продолжи со нападите врз Иран сè додека не почувствува дека иранската нуклеарна закана е отстранета, додадоа израелски извори, иако постои одреден сомнеж во израелскиот безбедносен естаблишмент дали ова навистина може да се постигне само преку израелска акција.
Израел е насочен кон три главни цели: ирански нуклеарни постројки, воени средства и клучни личности во иранската војска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата