За разлика од претходните три најави за договоено примирје, овојпат најавата на американскиот претседател Трамп се оствари. Официјално, САД и Иран договориле услови за прекин на воените дејствија.
Што предвидува договорот меѓу САД и Иран
Нацрт-договорот меѓу САД и Иран содржи 14 точки, објавува иранската новинска агенција Мехр а потврдено од светските новински агенции.
Главните одредби на договорот:

- Трајно и непосредно прекинување на непријателствата на сите фронтови, вклучително и Либан;
- Целосно укинување на поморската блокада на Иран во рок од 30 дена;
- Обврска на САД да ги повлечат своите сили од околината на Иран;
- Повторно отворање на Ормутскиот теснец;
- Суспензија на санкциите за продажба на иранска нафта;
Постигнување конечен договор за нуклеарните прашања во рок од 60 дена од потпишувањето на договорот;
- Ослободување на 24 милијарди долари замрзнати ирански средства за време на преговарачкиот период.
Се додава дека темите поврзани со ракетната програма на Иран и поддршката на Техеран за групите на отпор се отстранети од агендата за преговори.
Потпишавњето на договор за мир е најавено за петок, 19 јуни во Женева, Швајцарија. Но, дали мирот ќе добие шанса и ќе запрат воените дејствија?!
Израел вели - не

Паралелно со објавувањето дека е постигнат мировен договор израелската армија изврши серија напади врз јужен Либан, објави либанската новинска агенција ННА. Според медиумските извештаи, израелската артилерија го гранатираше Кфар Тебнит, како и блискиот град Набатија ал-Фавка.
Од Израел, веднаш по објавата за договорените услови, стаса порака дека тоа не важи за нив, дека Израел не е потписник на тој догвоор и дека понатму израелците ќе работат “согласно своите планови и интереси“. А нивните интереси се окупација на дел од Либан и Сирија и ставање на териториите под израелска контрола, што е повеќе пати објавено од премиерот Нетанјаху и министерот за одбрана Кац.
Договорот меѓу САД и Иран не го обврзува Израел бидејќи Израел не е подреден на САД, изјави израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир.
Тој нагласи дека Израел не е потписник на договорот меѓу САД и Иран и дека документот не ја штити израелската безбедност.
Израелската армија нема да го напушти Либан, и покрај сите притисоци, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац, кој важи за најекстремен во израелската влада и познат во јавноста со своите изјави за Палестинците и Либанците полни со бруталност.
Израел ќе одржува воено присуство во безбедносните зони во Либан, Сирија и Појасот Газа, додаде тој потврдувајќи дека не е проблемот само со Иран, туку дек Израел окупира и има намера да присвои територии од Сорија и Либан “за потреби на израелската безбедност“
Територијата ќе биде “ослободена“ од локалното население, изјави израелскиот министер што значи дека се протеруваат сите цивили од тие окупирани територии. Во случај на ирански напад, Тел Авив ќе одговори со сета своја моќ, нагласи Кац.

Израел го донесе американскиот претседател Трамп во многу лоша позиција. Американските главни медиуми пишуваат дека Израел на Трамп му дал лажни податоци за воениот потенцијал на Иран со што го охрабрил да започне војна која САД и Израел не ја добија и која завршува со потпишување договор за мир по кој Иран има поголема добивка отколку загуби.
Потпишувањето на мировен договор е во полза на САД и Трамп кои ја завршуваат воената операција врз Иран согласно своте интереси а, потоа, Трамп добива можност да се дистанцира од идните воени акции на Израел бидејќи има обврска да го почитува мировниот договор што за сегашната влада во Израел е голема ниеизвесност и ја менува играта на Блискиот исток.
“Бенјамин Нетанјаху е многу тежок човек“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој е многу тежок човек и да бидам искрен со вас, треба да ни биде многу благодарен што го направивме ова. Бидејќи ако Иран имаше нуклеарно оружје, Израел немаше да постои два часа, рече Трамп, коментирајќи го постигнувањето договор за прекин на војната со Иран.
Тој додаде дека Нетанјаху го довел во прашање постигнувањето на конечен договор со Иран со своите напади врз Либан.
Израел сега останува сам на фронтот кој го шири последниве година ипол. Целосно е уништена палестинската заедница, протерани се над 800.000 луѓе и најмалку 70.000 жртви меѓу Палестинците. Напади врз Сирија и преземање сириска територија на север, окупација на 20% од Либан и тоа простор во кој живее доминантно христијанско население, војна со Иран...

Може ли Израел сам да опстане во тие околности? Ако се додаде и тензијата со Турција која станува се понапната по изјавите на Ердоган дека Израел го прави тоа што го правеле нацистите во Втората светска војна и Турција е подготвена да ги брани своите интереси на Блискиот исток кои се спротивни од интересите на Израел, по повлекувањето на САД од воените дејствија на Блискиот исток судбината на оваа израелска влада не изгледа оптимистички.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата