Нoвиот сириски претседател по падот на претходникот Башар Ал Асад - Ахмед ал-Шараа денес пристигна во Вашингтон, каде што има средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
За многумина ова е историски настан, бидејќи ова е прва официјална посета на сириски лидер во САД откако земјата ја стекна независноста во 1946 година.
Но, исто така историски е и политичкиот пресврт на САД и ЕУ за кои Ахмед ал-Шараа кој, до скоро, за нив беше терорист со распишана потерница и награда за негово апсење или ликвидација.
Во Европскиот парламент се уште не е одговорено официјлано поставеноито прашање за овој персврт во однос ан поранешниот исламистички тероррист:

“Познато е дека Ахмед ал Шара го водеше Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), прогласена за терористичка група од ЕУ, САД и ОН.
Во јануари 2025 година, ал Шара беше назначен за привремен претседател на Сирија, откако ХТС ја предводеше офанзивата за соборување на Башар ал Асад, претседател на Сириската Арапска Република, во 2024 година. ОН и другите тела истражуваа и собраа докази за воени злосторства во Сирија и злоупотреби што им се припишуваат на ХТС.
Во едно интервју од 2014 година, ал-Шара (порано ал-Џулани) изјави дека негова цел е Сирија да биде регулирана од исламскиот закон и дека нема место за алавитските, шиитските, друзските и христијанските малцинства во земјата. Треба да се напомене дека Абдулах Анзоров, џихадистот кој го уби наставникот Самуел Пати, бил во контакт со активист на ХТС...“ се вели во барањето за одговор во Европскиот парламент.

“Ал-Шараа беше ослободен од затвор неколку месеци претходно (пред да влезе во Сирија). Зошто или како точно никогаш не е јасно. Во тоа време, Арапската пролет инспирираше претежно благи протести во Сирија. Охрабрен од контактите што ги оствари додека беше во притвор, Шара му испрати писмо на Ал Багдади (ИСИС), претставувајќи ја својата порадикална визија за Сирија. И покрај тоа што некои во внатрешниот круг на Багдади не го одобруваа Шара, тој беше еден од ретките Сиријци во организацијата во тоа време.
Шара побара 100 луѓе и доволно пари за да започне со ширење на движењето. Само шестмина од нив му се придружија, вклучувајќи двајца Сиријци, тврди тој, при што Ал Багдади (ИСИС) обезбедуваше од 50.000 до 60.000 долари месечно за шест или седум месеци...“ пишува Фајнаншел Тајмс.

Главната тема на разговорите, според медиумите, ќе биде укинувањето на преостанатите санкции кон Сирија, која се обидува да закрепне по тринаесетгодишната граѓанска војна. Весникот The Guardian објави дека Дамаск ќе побара целосно укинување на економските ограничувања што останаа на сила и по падот на поранешниот претседател Башар ал-Асад.
Ал-Шараа, кој дојде на власт минатата година откако неговите сили го соборија режимот на Асад, се обидува да го убеди Вашингтон дека санкциите го забавуваат закрепнувањето на земјата и дека повеќе немаат оправдување. Неговиот советник Ахмад Зејдан за саудиската телевизија „Ал Арабија“ изјави дека приоритет на преговорите е укинувањето на Законот Цезар од 2019 година, со кој беа воведени строги санкции за кршење на човековите права од страна на поранешниот режим.
Трамп, кој со сирискиот претседател се сретна првпат во мај во Ријад, уште тогаш го опиша како „млад и привлечен човек, цврст борец со силно минато“. По таа средба, американскиот претседател укина дел од санкциите, што беше голем пресврт во американската политика кон Сирија.
Сепак, Законот Цезар останува во сила и неговото трајно укинување ќе бара одобрение од Конгресот. САД минатата недела предводеа иницијатива во Советот за безбедност на ОН со која беа укинати и санкциите против самиот ал-Шаара.
Поранешниот командант на бунтовничките сили, кој некогаш беше на американската потерница со награда од 10 милиони долари, во последните месеци се обидува да ја претстави својата влада како отворена и подготвена за соработка со Западот. Во септември тој се обрати пред Генералното собрание на ОН – прв сириски лидер што го направил тоа по повеќе децении.
„Имаме огромна задача – да ја изградиме економијата одново“, изјави тогаш ал-Шараа. „Сиријците сакаат да работат, тоа им е во природата. Само укинете ги санкциите и резултатите ќе ги видите сами.“ Според проценките на Светската банка, обновата на земјата ќе чини најмалку 216 милијарди долари.
Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, потврди дека владата на ал-Шараа ги исполнува барањата на САД – меѓу кои соработка во потрагата по исчезнатите американски државјани и елиминација на преостанатото хемиско оружје. „Овие чекори се доказ за напредокот што го постигна новото раководство по повеќе од половина век репресија“, рече Пигот. објави Скопје1.мк
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата