logo
logo
logo

Холандска болница прими ПАЦИЕНТ со сомнение за ЕБОЛА

Vecer | 22.05.2026

Холандска болница прими ПАЦИЕНТ со сомнение за ЕБОЛА

Болница во Холандија денес објави дека примила пациент со „благ сомнеж“ дека е заразен со вирусот ебола и додаде дека резултатите од тестот ќе бидат познати овој викенд, пренесува АФП. Пациентот бил сместен на набљудување во специјализирана изолациска единица, објави Универзитетската болница Радбуд, која се наоѓа во Најмеген на истокот од Холандија.

Болницата не објави детали за пациентот или неговите неодамнешни движења. Светската здравствена организација (СЗО) претходно денес објави дека епидемијата на ебола во Демократска Република Конго сега претставува „многу висок“ ризик за јавното здравје во земјата, во споредба со претходниот „висок“ ризик.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека во ДР Конго има 750 сомнителни инфекции и 177 смртни случаи кои веројатно се поврзани со вирусот.

Во истата холандска болница, имало и пациент кој бил позитивен на хантавирус.

Во таа холандска болница, 12 членови на персоналот биле ставени во карантин на 11 мај откако лекувале пациент позитивен на хантавирус, евакуиран од крстосувачот MV Hondius.

Строгите протоколи не беа следени при земањето на крв и урина од заразениот пациент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk