Најмалку 50 лица загинаа, а повеќе од 100 се водат како исчезнати откако дрвен чамец се запали и се преврте на река во Конго, изјави денеска локален официјален претставник.
Десетици луѓе беа спасени, од кои многу се здобија со тешки изгореници, пренесе АП.
Потрагата по исчезнатите е во тек, а на спасувачките екипи им помагаат Црвениот крст и локалните власти.
Околу стотина преживеани се сместени во градското собрание во градот Мбандака.
Според локален претставник, пожарот го предизвикала жена која готвела на чамецот.
Несреќите на реките во Конго се вообичаени бидејќи бродовите се застарени и преоптоварени со патници и товар, додава агенцијата.
Патниците често не носат елеци за спасување и повеќето не знаат да пливаат, па има многу жртви.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата