Шефот на украинската воена разузнавачка служба, Кирил Буданов, тврди дека Северна Кореја сега ја снабдува Русија со муниција, дури 40 проценти.
Режимот на Ким Џонг Ун, исто така, ѝ испраќа на Русија друго оружје, вклучувајќи балистички ракети и артилериски системи, рече Буданов во интервју за „Блумберг њуз“.
Русија, рече тој, за возврат ѝ обезбедува на Северна Кореја пари и технологија, што помага во ублажување на меѓународната изолација на Пјонгјанг.
„Тоа е добро оружје“, рече Буданов, кој 60 проценти од загубите во воените разузнавачки единици во изминатите три месеци ги припишува на нападите од артилерија произведена во Северна Кореја.
„Северна Кореја има огромни резерви и производството продолжува без престан“, додаде Буданов.
Се потсетува дека Русија ги зајакна воените врски со Северна Кореја откако претседателот Владимир Путин го потпиша Договорот за сеопфатно стратешко партнерство со Ким Џонг Ун во јуни минатата година, што беше негова прва посета на Пјонгјанг по 24 години.
Исто така, Северна Кореја испрати илјадници војници да ѝ помогнат на Москва да ги потисне украинските сили од територијата што ја зазедоа во рускиот Курски регион.
Ким вети безусловна поддршка за Русија во војната, а западните разузнавачки агенции проценуваат дека Пјонгјанг испратил милиони артилериски гранати до војската на Путин.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата