поред британските медиуми, лондонската полиција уапсила маж осомничен за планирање масовна пукотница по дербито помеѓу Челзи и Фулам на Стемфорд Бриџ.
Осомничениот наводно бил облечен во борбена опрема, вклучувајќи панцир и кацига, и носел огнено оружје и дополнителна муниција. За среќа, потенцијалниот напаѓач бил уапсен многу брзо, пред да може да отвори оган, и никој не бил повреден.
Според моментално достапните информации, на натпреварот помеѓу Челзи и Фулам присуствувале 40 илјади луѓе.
Лондонските власти веќе започнале истрага и се обидуваат да ги утврдат мотивите на уапсеното лице, како и дали дејствувало сам или бил дел од поголем план.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата