Американскиот претседател Доналд Трамп се заканува дека нема да присуствува на самитот на НАТО во Хаг во јуни, доколку земјите-членки не ги зголемат своите трошоци за одбрана, наведува германски „Шпигел“.
„Шпигел“ го темели својот извештај на европски дипломатски извори.
Според весникот, американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, постојано барал европските членки да издвојат 5% од својот БДП за одбрана - наместо претходната цел на Алијансата од 2%.
„Шпигел“ објавува дека Витакер, според доверливи извештаи од германски претставници во Брисел, предупредил дека несогласувањето со новата цел би можело да доведе до тоа Трамп да одбие да присуствува на самитот на НАТО закажан за крајот на јуни во Хаг.
Германија, особено, е под притисок да го зголеми својот придонес, објави списанието, додавајќи дека шефот на американската одбрана Пит Хегсет го разговарал ова прашање минатата недела со германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Организаторите на самитот за „Шпигел“ велат дека не добиле никаква формална комуникација од Трамп.
„Претпоставуваме дека тој доаѓа и сите подготовки се фокусирани на тоа [неговата посета] да продолжи“, рече портпаролот.
Трамп предлага членките на НАТО да трошат 5% од бруто домашниот производ за одбрана, наместо сегашната цел од 2%.
Холандија неодамна се согласи да ги зголеми трошоците за одбрана во фази за 1,1 милијарда евра, што ќе го доведе вкупниот износ до нешто над 2% од БДП. Десничарската либерална партија VVD сака бројката да се зголеми на 3,5%.
Се очекува околу 45 светски лидери, 90 министри и 8.000 делегати да присуствуваат на самитот на Светскиот форум на 24 и 25 јуни.
Официјалните лица го опишаа како „најголемата логистичка операција“ во земјата од Втората светска војна.
Главната безбедносна операција ќе вклучува затворање на делови од Хаг, а луѓето во централниот урбан појас се поттикнуваат да работат од дома во деновите на самитот. Буџетот за настанот речиси се дуплираше на 183 милиони евра.
Организаторите велат дека самитот ќе се одржи, без разлика дали Трамп ќе присуствува или не.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата