logo
logo
logo

Во авионот што се урна во Индија бил и поранешниот премиер: 12-ти на списокот патници

Vecer | 12.06.2025

Во авионот што се урна во Индија бил и поранешниот премиер: 12-ти на списокот патници

Според локалните медиуми, поранешниот премиер на индиската држава Гуџарат, Виџај Рупани, бил во авион на Ер Индија што се урна во близина на аеродромот во Ахмедабад. Во авионот имало 242 лица, вклучувајќи 230 патници и 12 членови на екипажот.

Според документот со списокот на патници до кој пристапи „Индија тудеј диџитал“, Виџај Рамниклал Рупани бил 12-тиот патник на списокот. Тој бил резервиран во Z класата, која спаѓа во категоријата бизнис класа.

Да ве потсетиме дека авионот на „Ер Индија“, кој леташе од Ахмедабад до лондонскиот аеродром Гетвик, се урна денес кратко по полетувањето.

Авионот се урнал во станбената област Мегани Нагар во близина на аеродромот, потврди Фаиз Ахмед Кидваи, генерален директор на индиската Управа за цивилно воздухопловство.

Последниот сигнал од авионот бил примен само неколку секунди по полетувањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk