Високо организирана криминална група вклучена во големи измами низ Западна Европа е разбиена во координирана операција предводена од романските и британските власти, со поддршка од Европол и Евроџаст.
Групата дејствувала во неколку земји, а измамниците користеле банкомати за да крадат големи суми пари, се вели во соопштението на Европол.
Истражителите веруваат дека криминалната група украла околу 580.000 евра користејќи го измамничкиот метод на откажување на трансакции на банкомат.
Осомничените ги отстраниле екраните од банкоматите и вметнале картички за да ја започнат трансакцијата, а потоа ја откажале трансакцијата пред да бидат подигнати средствата, со што успеале да ги добијат парите.
Според информациите, групата ги користела заработените приходи за перење пари преку инвестиции во недвижности, луксузни производи, автомобили и накит.
Операцијата што беше спроведена вчера во Романија доведе до две апсења и 18 претреси.
Исто така, беа конфискувани луксузни возила, недвижен имот, електронски уреди и готовина.
Европол обезбеди анализа на клучни податоци, додека Евроџаст обезбеди судска помош и координираше теренски активности.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата