logo
logo
logo

НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗНАЕ И ВИДИ: Катар уапси 313 лица поради објавувње снимки од бомбардирањето

Vecer | 09.03.2026

НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗНАЕ И ВИДИ: Катар уапси 313 лица поради објавувње снимки од бомбардирањето

Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека 313 лица се уапсени во земјата поради „снимање, ширење и објавување лажни информации“, во услови на зголемени тензии во регионот на Блискиот Исток.

Во соопштението кое министерството го објави на платформата X се наведува дека меѓу приведените има лица од различни националности. Веста ја пренесе и британскиот весник The Guardian.

Според информациите, апсењата се поврзани со објавување содржини за актуелната безбедносна состојба во регионот, во период кога траат тензии поврзани со Иран и воените операции што ги спроведуваат САД и Израел. Во исто време, во регионот се регистрирани и одмазднички напади од страна на Иран врз земјите од Персискиот Залив, меѓу кои се споменува и Катар.

Од катарското Министерство за внатрешни работи соопштија дека апсењата се дел од „континуираните напори за следење и справување со злоупотребата на платформите на социјалните медиуми“. Според нив, дел од приведените лица се сомничат за снимање и дистрибуција на неовластени видеа, ширење лажни информации и гласини, како и објавување содржини кои можат да предизвикаат јавна вознемиреност и паника.

Властите во Катар нагласуваат дека ваквите активности се спротивни на официјалните директиви и законските прописи во земјата, особено во време на зголемени безбедносни ризици.

Министерството апелираше до граѓаните и до жителите во земјата да се воздржат од снимање и објавување видеа поврзани со актуелната ситуација, како и од ширење непроверени информации. Воедно, јавноста е повикана да се информира исклучиво преку официјалните извори и институции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk