Полскиот пратеник во Европскиот парламент, Валдемар Буда од партијата Право и правда (ПиС), објави дека неговиот автомобил бил погоден од воздушно оружје во Брисел.
На социјалната мрежа X објави фотографија на која се гледа оштетениот страничен прозорец на возилото.
- Целата страна од автомобилот е погодена од воздушно оружје... - напиша Буда.
До моментот на објавување на веста, бриселската полиција и обвинителството не го коментираа инцидентот, пренесува полската новинска агенција ПАП.
Не е познато дали пратеникот бил во возилото во времето на нападот, ниту дали има осомничени за нападот.
(Танјуг)
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата