logo
logo
logo

Изведен е напад врз седишта на ЦИА (ФОТО)

Vecer | 04.03.2026

Изведен е напад врз седишта на ЦИА (ФОТО)

Локациите на Централната разузнавачка агенција на Соединетите Американски Држави во Ирак и Саудиска Арабија беа нападнати со беспилотни летала во последните два дена, соопштија извори запознаени со ситуацијата.

Две беспилотни летала погодија ирачка локација, каде што во тој момент немало присутен американски персонал, објави денес Си-Би-Ес.

Не се пријавени жртви на локацијата во Саудиска Арабија, велат изворите.

ЦИА и саудиската амбасада во Вашингтон не ги коментираа нападите.

Од друга страна, според медиумски извори, се разгледува опцијата ЦИА да ги вооружи ирачките Курди, за чии претставници вчера разговараше американскиот претседател Доналд Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk