logo
logo
logo

ФРШТАТ ОСТАВКИ: Тотален хаос во врвот на холандската влада

Vecer | 22.08.2025

ФРШТАТ ОСТАВКИ: Тотален хаос во врвот на холандската влада

Министерот за надворешни работи на Холандија, Каспар Велдкамп, член на владејачката партија НСЦ, поднесе оставка од таа позиција поради неможноста за спроведување понатамошни мерки кон Израел, а заедно со него, сите министри и државни секретари од истата партија ја напуштија владата.

Велдкамп одлучи да поднесе оставка бидејќи не можеше да преземе понатамошни мерки против Израел, што беше блокирано од другите министри во владата на Дик Шуф, потврди холандскиот вицепремиер Еди ван Хејм за Фламанската радио-телевизија.

„Како влада, веќе презедовме голем број чекори. Холандија не мора да се срами од тоа. Сепак, почувствував притисок во кабинетот да усвои нови мерки во врска со ситуацијата во Газа и на Западниот Брег“, рече Велдкамп, објави јавниот сервис на Холандија.

Вчера, за време на дебатата во холандскиот парламент, Велдкамп вети дека ќе преземе дополнителни мерки против Израел, но другите коалициски партии ја отфрлија таа можност.

Вицепремиерот Еди ван Хејм, министерот за внатрешни работи, министерот за образование, министерот за здравство, како и неколку државни секретари, исто така, поднесоа оставки.

Следните парламентарни избори се закажани за 29 октомври оваа година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk