logo
logo
logo

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ФОРМИРА ЕВРОПСКА ВОЈСКА - Зеленски не исклучува САД да ја остават Европа без помош

Vecer | 15.02.2025

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ФОРМИРА ЕВРОПСКА ВОЈСКА - Зеленски не исклучува САД да ја остават Европа без помош

Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“, борбата на Украина против Русија докажа дека веќе има причина за тоа, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Минхенската безбедносна конференција.

Зеленски рече дека Европа не може да ја исклучи можноста САД да одбијат да ѝ помогнат за прашања што ѝ се закануваат.

Тој потсети и дека голем број лидери долго време зборуваат за тоа како на Европа ѝ е потребна сопствена армија.

– Навистина верувам дека дојде време. Вооружените сили на Европа мора да се формираат – рече Зеленски.

Според него, Украина никогаш нема да прифати какви било мировни договори, кои би биле постигнати без учество на Киев.

Зеленски оцени дека би било опасно доколку американскиот претседател Доналд Трамп се сретне со рускиот лидер Владимир Путин пред да се сретне со него.

– Сега се чини дека Путин е највлијателниот член на НАТО – рече Зеленски.

Тој нагласи дека Украина не може да се согласи на прекин на огнот со Русија додека не добие вистински безбедносни гаранции и дека планот на Украина е да постигне мир оваа година.

Зеленски рече дека доколку Украина не стане членка на НАТО, тогаш е неопходно „да се изгради втор НАТО во Украина“.

Трамп во средата рече дека очекува да се сретне со Путин во Саудиска Арабија за мировни преговори за Украина. Тој во средата имаше одделни телефонски разговори со Путин и со Зеленски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk