logo
logo
logo

НАЈЛОШИТЕ ПУКАЊА ВО ЕВРОПА: Германија потресена од крвав тест по математика, Џокер ја ужасна Белгија, Финска шокирана од две трагедии

Vecer | 10.06.2025

НАЈЛОШИТЕ ПУКАЊА ВО ЕВРОПА: Германија потресена од крвав тест по математика, Џокер ја ужасна Белгија, Финска шокирана од две трагедии

Масовните пукотници се чест крвав лајтмотив во Соединетите Американски Држави, но Европа не е исклучок. Ова се едни од најлошите масовни пукотници во образовните институции во последните две децении.

Последнота масовна пукотница се случи во шведскиот град Оребро. Напаѓачот, Рикард Андерсон, влегол во училиштето за возрасни Рисбергска, и се покажа дека нападот бил мотивиран од неговите самоубиствени тенденции. Се верува дека го избрал училиштето затоа што го посетувал. Не успеал да дипломира. 11 лица беа убиени, вклучувајќи го и него.

Чешки студент (24) го убил својот татко, а потоа и уште 14 други на Универзитетот во Прага во 2023 година. Тоа беше најлошата трагедија од ваков вид во модерната чешка историја.

Коста К., 13-годишно српско момче, уби осум соученици и еден обезбедувач во училиште во Белград. Момчето направило список на жртви и наводно се сметало за злоупотребено. Неговиот татко, лекар, го однел со себе на стрелиштето и чувал пиштол дома.

Во 2022 година, Артем Казанцев влезе во руско основно училиште и убил 16 и ранил 23 лица. На крајот од неговиот масакр, Казанцев изврши самоубиство. Носел два пиштола и голема количина муниција.

Пека-Ерик Аувинен (18) изврши масовно убиство во училиштето Јокела во Финска во 2007 година. Убил осум лица, а потоа изврши самоубиство пукајќи си во главата.

Во септември 2008 година, Мати Јухани Саари (22) ги нападнал колегите на Универзитетот Сејнајоки во северозападна Финска. Убил уште девет ученици и еден член на персоналот во училиштето, а потоа се самоубил. Користел полуавтоматско оружје.

Во Белгија, во 2009 година, 20-годишниот Ким де Гелдер нападнал во градинка со нож. Во фламанскиот град Синт-Гилис-би-Дендермонде, тој избодел три жртви до смрт и осакатил 12. Градинката е трајно затворена. Младиот човек го извршил нападот со насликано лице, имитирајќи го филмскиот негативец Џокер. Жртвите имале осум месеци, девет месеци и 54 години.

Во март 2009 година, 17-годишник во борбена опрема уби девет ученици и тројца наставници во училиште во близина на Штутгарт во Германија. Тој исто така убил едно лице во клиника. Подоцна бил убиен во вкрстен оган од страна на полицијата. Уште двајца минувачи биле убиени, а двајца полицајци биле тешко повредени, со што бројот на жртви се искачил на 16.

Во април 2002 година, во Ерфурт, источна Германија, 19-годишниот Роберт Зајнхаузер рекол дека нема да полага тест по математика. Потоа убил 12 наставници, секретарка, двајца ученици и полицаец пред да се самоубие.

Фото: Профи, Увид во училиштето Јокела во Туусула во 2007 година

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk