logo
logo
logo

За Шпанците и Австралијанците - ТРАМП Е ПОГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА МИРОТ ОТКОЛКУ ПУТИН

Vecer | 06.04.2026

За Шпанците и Австралијанците - ТРАМП Е ПОГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА МИРОТ ОТКОЛКУ ПУТИН

Шпанските граѓани веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп претставува најголема закана за светскиот мир, поголема дури и од рускиот претседател Владимир Путин или израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, покажува најновата анкета објавена денеска од весниците „Паис“ и „Кадена СЕР“, спроведена од агенцијата 40db.

Дури 63 проценти од испитаниците го сметаат Трамп за најголема закана, 52 проценти мислат така за Путин, а 46 проценти за Нетанјаху, додека новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи со 33 проценти од гласовите, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун со 32 проценти од гласовите и кинескиот претседател Шји Џјинпинг со 20 проценти од гласовите исто така се најадоа на листата.

Претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен, исто така, е на листата со девет проценти од гласовите.

Според извештаите, иако левичарските гласачи имаат најнегативно мислење за Трамп, дури и оние кои ја поддржуваат Народната партија (ПП) не се особено наклонети кон него.

Претходните студии го потврдија огромното противење на народот на почетокот на војната, а сега, пет недели по почетокот на конфликтот, поддршката за продолжување на офанзивата за соборување на режимот на ајатолахот не се зголеми - 56 проценти ја отфрлаат.

Истражувањето, исто така, покажа дека меѓународните вести станаа клучен дел од консумирањето вести кај Шпанците - двајца од тројца испитаници наведуваат дека ги следат, но постои и голема разлика во возраста и полот на луѓето што ги следат - постои разлика од речиси 20 проценти помеѓу најстарите и најмладите групи, и слична поделба помеѓу мажите и жените, при што мажите обрнуваат многу поголемо внимание на светските настани.

Анкетата е спроведена на почетокот на април на 2.000 испитаници.

Но, сличен е ставот и на граѓаните од Австралија кои спроведоа анкета - Које  најголема опасност за мир во светот, и Австралијанците сметаат дека најголема опасност е американскиот пртеседател Доналд Трамп. Ова се резултатите од нивната анкета:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk