Командата на морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека ќе го претвори Ормускиот теснец во област на „безбедност и просперитет“ откако ќе воведе нови правила за контрола на водниот пат.
Во соопштението се вели дека морнарицата на ИРГЦ ќе спроведува „нови правила“ во водите во близина на брегот на Иран во Арапското Море и Ормускиот теснец, објави Ал Џезира.
Се прецизира дека морнарицата на ИРГЦ ќе врши „контрола над речиси 2.000 километри ирански брег“ во Арапскиот Залив и Ормускиот теснец, што, како што е наведено, ќе доведе до безбедност и просперитет на регионот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата