Министерството за финансии на САД претстави нацрт-дизајн за монета од еден долар со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, по повод 250-годишнината од Декларацијата за американската независност, која ќе се прослави во 2026 година.
На предната страна на монетата е прикажан профилот на Трамп, со зборовите „слобода“ погоре и „1776-2026“ подолу, додека на задната страна е прикажан претседателот како држи крената стисната тупаница со зборовите „борба, борба, борба“ и американското знаме во позадина, објавува CNN.

Дизајнот алудира на неговиот говор откако преживеа обид за атентат минатата година.
Портпарол на Министерството за финансии изјави дека дизајнот „го одразува трајниот дух на земјата и демократијата, дури и во услови на огромни пречки“.
Сепак, веќе се разви контроверзии на социјалните медиуми, бидејќи законот од 2020 година и претходните закони забрануваат прикажување на живи лица на американските монети и банкноти.
Конечниот дизајн на монетата сè уште не е избран, а Конгресот во 2020 година му дозволи на секретарот на Министерството за финансии да кова монети со посебен дизајн за 250-годишнината од Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата