logo
logo
logo

ЌЕ СЕ ТРУПА - Финска ги укинува ограничувањата за присуство на нуклеарно оружје на своја територија

Vecer | 23.04.2026

ЌЕ СЕ ТРУПА - Финска ги укинува ограничувањата за присуство на нуклеарно оружје на своја територија

Финската влада денес му предложи на својот парламент да го измени законот и кривичниот законик со цел да се отстранат законските пречки за увоз на нуклеарно оружје во Финска, како и за негов транспорт, снабдување или поседување, објави Министерството за одбрана.

Се додава дека целта е да се подобри националната одбрана, колективната одбрана на НАТО и одбранбената соработка.

„Предлогот има за цел да ја зголеми безбедноста на Финска во непредвидлива стратешка средина“, рече министерот за одбрана Анти Хаканен, нарекувајќи го законскиот амандман „неопходен“.

Хаканен во март изјави дека безбедносната средина во Финска и Европа фундаментално се променила и се влошила со руската инвазија на Украина во 2022 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk