logo
logo
logo

Светот бележи НЕВЕРОЈАТНИ РАЗЛИКИ во цената на горивата: Негде литар е скоро 4 евра, а во една земја речиси ЏАБЕ

Vecer | 25.04.2025

Светот бележи НЕВЕРОЈАТНИ РАЗЛИКИ во цената на горивата: Негде литар е скоро 4 евра, а во една земја речиси ЏАБЕ

Според податоците од порталот GlobalPetrolPrices.com за 14 април 2025 година, цените на горивата значително варираат низ целиот свет. Најскапиот литар бензин од 95 октани моментално го плаќаат возачите во Хонг Конг - дури 3,46 евра.

Најскапо

По Хонг Конг следуваат Исланд (2,35 евра), Данска (2,208 евра), Холандија (2,201 евра) и Лихтенштајн (2,137 евра).

Овие цени ги одразуваат високите даноци, политиките за заштита на животната средина и трошоците за увоз на гориво.

Најевтино

Од друга страна, Либија е на врвот по најниска цена – литар бензин таму чини само 0,027 евра.

Многу ниски цени се забележани и во Иран (0,029 евра), Венецуела (0,035 евра), Ангола (0,327 евра) и Кувајт (0,343 евра), каде што државата силно субвенционира гориво или располага со големи домашни залихи.

Разликата помеѓу најскапиот и најевтиниот литар е повеќе од 3,4 евра, што јасно покажува колку цената на горивото е под влијание на локалната политика, даночните системи и енергетските ресурси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk