Вкупно 21 спортист, кои се враќале од национален турнир во Нигерија, загинаа денес во сообраќајна несреќа, соопштија тамошните власти.
Агенцијата за безбедност на сообраќајот на автопатиштата соопшти дека несреќата, во која не учествувале други возила, „можеби е предизвикана од замор (на возачот на автобусот) и прекумерна брзина“, бидејќи се случила за време на ноќно патување.
Спортистите се враќале во Кано, на север од земјата, од 22-от Национален спортски фестивал, што се одржува околу 1.000 километри јужно во државата Огун.
Нигерискиот претседател Бола Тинубу неодамна изјави дека игрите – кои вклучуваа натпревари од кошарка во инвалидски колички до традиционално западноафриканско борење – го претставуваат „единството, силата и отпорноста што ја дефинираат нацијата“.
Сообраќајните несреќи се чести на лошо одржуваните патишта во Нигерија, главно поради пребрзо возење и непочитување на сообраќајните правила.
Минатата година во Нигерија се случиле 9.570 сообраќајни несреќи, во кои загинале 5.421 лице.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата