logo
logo
logo

ПОЛСКА ДОБИ “ЧОВЕК НА ТРАМП“ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ - Што може сега Европа да очекува од оваа голема држава

Vecer | 02.06.2025

ПОЛСКА ДОБИ “ЧОВЕК НА ТРАМП“ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ - Што може сега Европа да очекува од оваа голема држава

Во Полска, на претседателските избори, победи кандидатот на опозицијата Карол Навроцки кој застапува десничарска политика, спротивна на сегашната полска влада која се смета за една од највоинствените во однос на војната во Украина, и меѓу најголемите поборници за влез на европски воени сили во Украина што, за некои европски држави како Словачка, Унгарија но и други е опсаност од широка војна низ цела централна и западна Европа.

Навроци важи за “човек на Траммп“. Тој од американскиот претседател доби и отворена поддршка во време на изборната кампања и сега влегува во друштвото на европските “луѓе на Трамп“ заедно со унгарскиот премеир Орбан, словачкиот премиер Фицо и се почесто во тој контекст спомнуваната италијанска премиерка Мелони.

Лидерот на десничарската партија на Полска, Славомир Менцен, кој го подддржа Навроцки за вториот круг на изборите ја поздрави победата на Карол Навроцки на претседателските избори во Полска, повикувајќи го да ги постави националните интереси пред Украина.

„Честитки до новоизбраниот претседател Карол Навроцки“, напиша Менцен на социјалната мрежа Икс (Твитер), повикувајќи го да се сети на поддржувачите на десничарската Партија на Конфедерацијата кои гласаа за него во вториот круг.

Според него, тие гласачи сметаат на фактот дека тој „нема да ги стави интересите на Украина на исто ниво според важност со нашите (полските)“.

Освојувајќи трето место во првиот круг, Менцен, евроскептичен либертаријанец кој остро се спротивставува на абортусот и мигрантите, доби околу 15 проценти од гласовите, а според анкетите, огромното мнозинство од неговите гласачи гласаа за националистичкиот кандидат во вториот круг.

Надевајќи се дека победи Навроцки тој потпиша список со обврски подготвен од Менцен пред вториот круг од изборите.

Во таа изјава, победникот на претседателските избори вети дека ќе го отфрли испраќањето полски трупи во Украина и дека нема да потпише „никаков закон со кој се ратификува членството на Украина во НАТО“.

Тој, исто така, вети дека ќе отфрли какво било зголемување на даноците, ќе се спротивстави на воведувањето на еврото и нема да го ограничи пристапот на Полска до оружје.

Навроцки отфрли „какво било пренесување на овластувања“ од полските власти на телата на Европската унија и вети дека нема да потпише никакви нови европски договори „кои ја ослабуваат улогата на Полска“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk