logo
logo
logo

Напаѓачот во католичкото училиште претходно учел во него

Vecer | 28.08.2025

Напаѓачот во католичкото училиште претходно учел во него

Вооружениот напаѓач кој уби двајца ученици и рани уште 18 во католичко училиште во Минеаполис претходно го посетувал истото училиште и бил „опседнат“ со идејата да убива деца, соопшти денес полицијата во Минеаполис.

„Многу е јасно дека напаѓачот имал намера да тероризира невини деца“, изјави началникот на полицијата во Минеаполис, Брајан О'Хара.

Напаѓачот, Робин Вестман, наводно изразил омраза кон речиси сите групи освен кон „масовни убијци и напаѓачи“, изјави заменик-јавниот обвинител на САД, Џо Томпсон, според АП.

Директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Кеш Пател, претходно изјави дека агенцијата собрала информации што укажуваат дека нападот бил чин на домашен тероризам и злосторство од омраза насочено кон католиците.

Пател откри дека вооружениот напаѓач оставил антикатолички и антирелигиозни пораки во својот „манифест“, како и повик за насилство против американскиот претседател Доналд Трамп напишан на магацин за муниција.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, го опиша нападот како „страшна трагедија“, нарекувајќи го вооружениот напаѓач „луд“ и велејќи дека нападот е „срамно сквернавење на света верска церемонија“.

Најмалку три лица, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, беа убиени вчера, а околу 20 други беа повредени во пукотница во католичко училиште во јужен Минеаполис, Минесота, изјави функционер на Министерството за правда на САД.

„Вооружениот напаѓач си го одзеде животот во задниот дел на црквата. Овој кукавица е идентификуван како 23-годишниот Робин Вестман без претходно криминално досие“, изјави началникот на полицијата во Минеаполис, Брајан О'Хара.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk