logo
logo
logo

Сијарто: ЕУ има потреба од НОВА ЕНЕРГИЈА што може да ја донесе ЗАПАДЕН БАЛКАН

Vecer | 10.03.2026

Сијарто: ЕУ има потреба од НОВА ЕНЕРГИЈА што може да ја донесе ЗАПАДЕН БАЛКАН

Европската Унија поради „премногу идеолошки обоена политика во Брисел“ го изгуби своето влијание во светот и ѝ е потребна нова енергија, која може да ја донесат земјите од Западен Балкан, изјави синоќа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Говорејќи на форум посветен на Балканот, Сијарто оцени дека регионот може да внесе нова динамика во Европската Унија.

Осврнувајќи се на енергетиката, тој им се заблагодари на Србија, Бугарија и Турција за, како што рече, сигурната транзитна соработка во снабдувањето со природен гас.

Сијарто истакна дека Европа мора да обезбеди дополнителни количини енергенси.

– За Европа да има доволно енергенси, руските испораки мора да се вратат на европскиот пазар – рече тој.

Говорејќи за иднината на ЕУ, Сијарто нагласи дека Унгарија поддржува интеграција заснована на суверени национални држави, а не создавање „Соединети Европски Држави“.

Тој предупреди дека укинувањето на правото на вето би значело откажување од дел од националниот суверенитет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk