logo
logo
logo

ТРАМП БАРА ОБВИНЕНИЕ ЗА СОРОС, а еве кои се некои од аргументите

Vecer | 27.08.2025

ТРАМП БАРА ОБВИНЕНИЕ ЗА СОРОС, а еве кои се некои од аргументите

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека милијардерот финансиер и голем донатор на демократите Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети според Законот за организации под влијание на рекетари и корумпирани организации, или RICO.

Џорџ Сорос и неговиот прекрасен син од радикалната левица треба да бидат обвинети за RICO поради нивната поддршка на насилните протести и многу повеќе, низ целите Соединети Американски Држави“, напиша Трамп во објава на Truth Social. „Тоа ги вклучува и неговите луди пријатели од Западниот Брег. Бидете внимателни, ве гледаме!

Според Блумберг, Трамп го обвини Сорос и неговата фондација Отворено општетсво за орагнизирање и помагање  “насилсни протести“

Претседетелот Доналд Трамп и пред да победи на изборите, а особено потоа, со годни го обвинува Џорџ Сорос и неговата фондација Отворено општетство дека поттикнува и помага “шарени револуции“ во странски држави со цел политички преврат во државите и наметнување левичарска политика и идологија во земјите каде делува. 

По стапувањето ан власт Трамп и неговите соработници објавија серија документи дека во политичките преврати на Сорос и Отвотрено општетсво се користени ресурси и пари од државаната агенција USAID поради што Трамп донесе одлука за укинување на програмоте и проектите на агенцијата и тргна во расформирање, односно целосна реконструкција на USAID.

Според податоците од USASpending.gov, САД во последните 15 години доделиле над 270 милиони долари на Институтот за управување Исток-Запад, организација во партнерство со Фондациите Отворено општество на Џорџ Сорос.

Според податоците, уште 90 милиони долари биле обврзани на институцијата преку неколку договори.

Откритието доаѓа во време на растечка контрола на американската помош за спорни институции и неодамнешното замрзнување на буџетот на USAID од страна на претседателот Доналд Трамп.

Институтот ја опишува својата мисија како „зајакнување на демократските општества преку поттикнување на соработката меѓу владите, граѓанското општество и приватниот сектор или за градење транспарентни и одговорни институции“.

Според неговите извештаи, неговото финансирање првенствено доаѓа од USAID и Стејт департментот на САД. Програмите вклучуваат судска реформа, правна помош и иницијативи за владеење на правото во земји од Балканот и други како и обука на граѓанското општество во земји како Киргистан и Уганда.

​​​​​​Антикорупцискиот центар за акција, уште еден ентитет поддржан од Сорос, исто така го наведува USAID како свој најголем донатор, обезбедувајќи 20,7% од неговото финансирање.

Финансирањето предизвика негативни реакции, а критичарите ја обвинуваат УСАИД дека дејствува како „лична касичка за пари“ за Сорос, кој е познат по неговата улога во распадот на Источниот блок и наводното мешање во внатрешните работи. „Тој не ги потроши своите пари за да го уништи американскиот правосуден систем. Тој ги искористи нашите“, коментираше еден корисник на социјалните мрежи.

На 20 јануари, Белата куќа објави 90-дневно замрзнување на буџетот на УСАИД, наведувајќи ги неусогласените приоритети со политиката на Трамп „Америка на прво место“.

Во соопштението на Белата куќа се тврди дека иницијативите на УСАИД „не се усогласуваат со американските интереси“ и понекогаш „го дестабилизираат светскиот мир“.

Овој потег предизвика загриженост кај глобалните организации за помош кои зависат од поддршката на САД.

Портпарол на Фондациите Отворено општество ги осуди коментарите на Трамп.

Овие обвинувања се скандалозни и лажни. Фондациите Отворено општество не поддржуваат ниту финансираат насилни протести“, рече портпаролот. „Нашата мисија е да ги унапредуваме човековите права, правдата и демократските принципи дома и низ целиот свет.“

Трамп, исто така, повика на истраги за поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон, кој раскина соработка со Трамп откако ја напушти Белата куќа и потоа беше негов постојан противник.

Агенти на ФБИ го претресоа домот на Болтон во петокот како дел од истрагата за национална безбедност, објави Ројтерс според извор запознаен со ова прашање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk