logo
logo
logo

ГОЛЕМА КАВГА ПОМЕЃУ САД И ИЗРАЕЛ: Не смеете да ја уништувате нафтаата во Иран! Еве и зошто

Vecer | 09.03.2026

ГОЛЕМА КАВГА ПОМЕЃУ САД И ИЗРАЕЛ: Не смеете да ја уништувате нафтаата во Иран! Еве и зошто

Во Вашингтон се лути на Израел кој, и покрај најавата на Трамп да не се напаѓаат нафтните извори и рафинерии во Иран, се случува сосема спротивното: Израел ги уништува нафтените капацитети на Иранците и, според Вашингтон, со тоа создава контраефект - обединување на Итранците и причина Иран да ги бомбардира натените капацитети во арапските држави уништувајќи ја економијата на Арапите.

Најавен е веќе за наредноите денови состанопк на висока американска делегација со израелското раководтсво со анмера ова да се спречи.

Израелските напади врз 30 ирански складишта за гориво во саботата биле значително поголеми отколку што САД очекувале, иако претходно биле известени за нив, што го предизвика првото посериозно несогласување меѓу двата сојузници од почетокот на војната пред осум дена. Информацијата ја потврдиле американски функционер, израелски функционер и извор запознаен со ситуацијата, пишува Аксиос.

САД се загрижени дека израелските напади врз инфраструктура што ја користи и цивилното население би можеле да имаат стратегиски контраефект, обединувајќи го иранското општество во поддршка на режимот и поттикнувајќи раст на цените на нафтата.

Саботните напади на израелските воздухопловни сили предизвикаа огромни пожари во Техеран, со пламен видлив километри далеку, додека густ чад го покри главниот град.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во соопштение наведоа дека иранскиот режим ги користи складиштата за гориво „за снабдување на различни потрошувачи, вклучително и своите воени сили“.

Израелски воен функционер изјави дека нападите делумно имале цел да испратат порака до Иран да престане да ја напаѓа израелската цивилна инфраструктура.

Израелски и американски функционери потврдија дека ИДФ однапред ја известил американската војска за нападите. Сепак, американскиот функционер тврди дека обемот на нападите ја изненадил американската страна.

Не мислиме дека тоа беше добра идеја“, рекол високиот американски функционер.

Еден израелски функционер ја опиша американската реакција кон Израел со зборовите: „Нивната реакција беше во стилот ‘Што ви е, по ѓаволите?’“.

Белата куќа и ИДФ не сакале да ја коментираат ситуацијата.

Иако погодените објекти не се постројки за производство на нафта, американските функционери стравуваат дека снимките од запалените складишта би можеле да ги вознемират нафтените пазари и дополнително да ги зголемат цените на енергенсите.

На претседателот не му се допаѓа овој напад. Тој сака да ја зачува нафтата, а не да ја гори. А тоа луѓето ги потсетува на повисоки цени на горивото“, рекол советник на Трамп за Аксиос.

Портпаролот на иранскиот штаб Катам ал-Анбија, кој ги надгледува воените операции, во саботата предупреди дека Техеран би можел да одговори со слични напади низ регионот доколку продолжат нападите врз иранската нафтена инфраструктура.

Тој додаде дека Иран досега не ја напаѓал регионалната енергетска инфраструктура и се закани дека, ако тоа се случи, цената на нафтата би можела да достигне 200 долари за барел.

Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Галибаф, еден од највисоките функционери на режимот, предупреди дека Иран, доколку продолжат нападите врз инфраструктурата, ќе возврати „без одложување“.

Американскиот функционер рекол дека се очекува несогласувањата, како и американските очекувања за понатамошниот тек на војната, да се решаваат на високо политичко ниво меѓу двата сојузници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk