Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија не претставува закана за ниту една земја „која не планира да стане центар на антируски активности“.
Песков на прес-конференција изјави дека загриженоста што ја изрази началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, Фабиен Мандон, дека Русија претставува закана е „апсолутно неоснована“, објави ТАСС.
„Русија не претставува закана за земја што не планира да го уништи своето рускојазично население и што не планира на никаков начин да ја поткопа безбедноста на Руската Федерација“, рече Песков.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата