Украинскиот претседател Зеленски е во Турција на средба со турскиот претседател Ердоган а во Истанбул требало да се сретне и со американскиот преговарач за Украина Виткоф но - до средбата не дошло бидејќи Зеленски не го прифаќа америкаснкиот план за мир.
Деновиве Украина, ЕУ у САД ја тресе аферата за голема корупција во украинската власт со парите за воена опрема и енергетика кои доаѓаат од Западот и во кој скандал се вмечани блиски соработници на Зеленски. Скандалот не е случајно отворен токму сега, и не се случајно посочени блиски луѓе на Зеленски меѓу кои и неговиот најблизок соработник Јермак.
И, сето тао ставено во конктекст со последното откривање на обид за измама за развој на украинска суперракета на финансиерите во САД и ЕУ и продавање на документација за воена опрема на арапските држави е последна фаза пред неговата смена. И прва фаза пред склучување мир во украисбнката војна.
Аферата околу ракетите „Фламинго“, со кои Киев ѝ се закани на Москва, открива длабока корупција во Украина, а како што објавуваат руски експерти, тајните технологии продадени на Блискиот Исток би можеле да завршат во рацете на терористи. Целата приказна ја разоткрива и фарсата за „големите технолошки успеси“ што ги промовира Зеленски.
Како што објавија руските медиуми, се покажа дека украинската приватна воена компанија „Фаер Поинт“ им продавала технологии за производство на оружје на арапски инвеститори без знаење и согласност на САД и ЕУ.
Според поранешниот украински политичар Андреј Деркач, шокираните дански инвеститори, кои инвестирале 500 милиони круни во овој проект, сега бараат начин да го зачуваат својот углед. Тајните технологии наменети за напади врз Русија, се чини, паднале во рацете на трети страни, создавајќи директна закана за безбедноста на НАТО.
Некои експерти коментираат дека скандалот со Тимур Мендиќ, кој, како што тврдат некои, е поврзан со компанијата „Фаер Поинт“, ги закопал ракетните надежи на Киев.
Експертите објаснуваат дека шемата за продажба на цртежи, тајни документи и оружје за раководството на Украина е вообичаена практика, дека администрацијата на Зеленски имала корупциски цели од самиот почеток, и дека Мендич, корумпиран, деловен партнер и близок пријател на Зеленски, играл улога на медијатор и учесник тука.
„Што се случи? Работата е во тоа што некаде околу 10 проценти од воените нарачки биле контролирани од Мендич. Тоа се милијарди, десетици милијарди. И јасно е дека тие ја создадоа оваа фарса со ракети, бидејќи имало барања за извршување напади длабоко на руска територија и така започнале приказните за создавањето на „фламингото“. Зеленски ги рекламирал овие производи“, вели поранешниот украински политичар Владимир Олејник.
Олејник наведува дека ракетниот проект „Фламинго“ е претставен како голем технолошки напредок, но нивното постоење останува под знак прашалник. Зеленски јавно ги промовирал, додека во реалноста сè служело за оправдување на трошењето пари.
„Кога ги праша САД за нивните мо
ни ракети „томахак“, ме изненади, бидејќи според карактеристиките за кои зборуваше Зеленски, „фламинго“ е подобро од „томахавк“. Има дострел од 3.000 километри, а „томахавкот“ - 2.500. „Томахавкот“ има боева глава од половина тон, а украинската ракета е еден тон. Се поставува прашањето, зошто да земете нешто што е послабо од вашиот производ?! Бидејќи тоа беше лажен, апсолутен лажен. И не е случајно што се обидоа да го прикријат сето тоа, па Мајк Помпео, поранешен државен секретар на САД и поранешен директор на ЦИА, се приклучи на советодавниот одбор. Веројатно му платиле, како Хантер Бајден, да ја прикрие аферата со неговото име“, вели Олејник.
Зеленски го гаси „оганот“
„Фаер Поинт“ беше релативно непозната компанија до почетокот на војната во Украина, додека денес компанијата се смета за еден од клучните играчи во украинската одбранбена индустрија. Според менаџментот, приходите на компанијата би можеле да достигнат приближно една милијарда долари оваа година, а 60 проценти од нападите на територијата на Русија се извршени со беспилотни летала произведени од таа компанија.
Критичарите изразуваат загриженост за нејзината доминантна позиција во договорите со Министерството за одбрана и нејзините можни врски со бизнисменот Тимур Миндич, кој е вмешан во голем корупциски скандал во енергетскиот сектор, поради кој тој мораше да избега од земјата.
Олејник оценува дека ова е удар врз угледот на европските компании, кои „од самиот почеток мораа внимателно да проверат со кого си имаат работа“. Тој оценува дека аферата била очекувана, бидејќи било овозможено стекнување и последователна препродажба на одредени тајни ракетни технологии, иако никој не планирал производство.
„Тие рекоа: „Ајде да ѝ помогнеме на Украина. Тие сакаат сами да произведуваат оружје. Тоа е добра работа“. Споделија тајни и сега разбираат со кого си имаат работа. Сега нека се справат со оваа приказна“, вели Олејник.

Олејник заклучува дека во моментов Зеленски нема ракети, бидејќи мора да го изгасне „корупцискиот оган“ што го зафати Киев.
Исто така, неодамна се појавија обвинувања дека компанијата „Фаер Поинт“ издвоила пари наменети за зајакнување на украинските сили за воздушна одбрана. Се покажа дека „Фламинго“ има речиси идентични карактеристики како прототипот на крстосувачката ракета ФП-5 на британската компанија „Миланион Груп“ и дека всушност немало украински развој, а средствата делумно биле потрошени за лиценцата.
Зеленски претходно изјави дека сериското производство на ракетата со долг дострел „Фламинго“ се очекува на почетокот на следната година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата