Кинескиот производител на автомобили „Чанган“ планира да изгради фабрика во Европа за да ја зголеми идната продажба во европските земји и веќе истражува потенцијални градилишта.
„Посветени сме на тоа да бидеме присутни во Европа, да произведуваме во Европа за Европа“, соопшти компанијата, објави Ројтерс. Временскиот рок за кој се очекува да започне изградбата на идната фабрика сè уште не е прецизиран.
„Веруваме дека наскоро ќе ги надминеме производствените потреби во Европа, па затоа веќе сме во фаза на планирање на изградбата“, рече претставникот на „Чанган“, Ник Томас.
„Чанган“ претходно оваа година објави дека ќе лансира електрични возила на десет пазари во Европа.
Компанијата минатата година продаде повеќе од 2,2 милиони возила, а Томас рече дека околу 600.000 од нив биле продадени надвор од Кина.
Тој додаде дека целта е да се зголеми бројот на продадени возила надвор од Кина на еден милион оваа година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата