logo
logo
logo

ТРАМП ОТКРИВА ДАЛИ ЌЕ СЕ СМИРИ СО МАСК: „Ќе ги сноси последиците! Штета што е депресивен и со скршено срце“

Vecer | 07.06.2025

ТРАМП ОТКРИВА ДАЛИ ЌЕ СЕ СМИРИ СО МАСК: „Ќе ги сноси последиците! Штета што е депресивен и со скршено срце“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе има „сериозни последици“ ако Илон Маск ги финансира демократските кандидати кои се натпреваруваат против републиканците кои поддржуваат сеопфатен закон за даноци и трошоци.

- Ако го стори тоа, ќе мора да ги сноси последиците. Ќе мора да сноси многу сериозни последици ако го стори тоа, изјави Трамп за NBC News во телефонско интервју, но одби да открие какви би биле тие последици.

Претседателот, исто така, рече дека нема желба да го поправи својот однос со Маск, откако расправијата меѓу нив двајцата стана јавна претходно оваа недела.

- Не - одговори Трамп кога беше прашан дали има таква желба.

На прашањето дали мисли дека неговиот однос со извршниот директор на Tesla и SpaceX е завршен, Трамп рече:

- Претпоставувам дека да.

Тој потврди дека нема планови да разговара со Маск во скоро време.

- Премногу сум зафатен со други работи. Немам намера да разговарам со него - истакна тој.

Тој го обвини Маск дека покажува „непочитување кон функцијата претседател“.

- Мислам дека тоа е многу лоша работа. Не можете да ја навредувате функцијата на претседателот - додаде тој.

Во четврток, Маск го критикуваше Трамп во серија објави на Платформа X, вклучувајќи ја и сега избришаната објава што се однесуваше на поранешните врски меѓу претседателот и покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн.

- Тоа се стари вести. Тоа се стари вести за кои се зборува со години. Дури и адвокатот на Епштајн рече дека немам никаква врска со тоа, рече Трамп.

Тој истакна дека нема да ги раскине федералните договори со компаниите на Маск.

- Можев да го направам тоа, но не размислував за тоа - рече тој.

Тој рече дека верува оти Републиканската партија е пообединета од кога било досега.

- Републиканската партија никогаш порано не била толку обединета. Никогаш. Всушност е пообединета од пред три дена - изјави тој.

Тој изрази сомнеж дека противењето на Маск на законот ќе го загрози неговото усвојување.

- Мислам дека Елон всушност ги нагласи предностите на законот, бидејќи луѓето кои не беа толку фокусирани на него почнаа да се фокусираат и сфатија колку е добар. Значи, на некој начин, тоа беше одлична услуга. Мислам дека е штета што Илон е толку депресивен и со скршено срце - заклучи Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk