logo
logo
logo

Ќе патувате во Европа? ВИДЕТЕ ШТО ВЕ ОЧЕКУВА И БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ

Vecer | 09.04.2026

Ќе патувате во Европа? ВИДЕТЕ ШТО ВЕ ОЧЕКУВА И БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ

Патувањата низ Европа од полноќ веќе нема да бидат исти. Новиот Европски систем за патници (EES), кој од полноќ почнува со целосна примена за граѓаните надвор од ЕУ, денеска предизвика хаос на аеродромите и на граничните премини.

Иако Европската комисија го промовира системот како ефективно решение за безбедност и следење на патници, искуствата на терен покажуваат сосема спротивно. На повеќе аеродроми редот за пасошка контрола денеска достигна и до 7 часа, а патниците се жалат на проблеми со биометриските скенери и недостаток на персонал.

Системот не ме евидентираше кога го напуштив Цирих, па официјално изгледаше како да сум во ЕУ целиот период. Настана тотален хаос кога се обидов повторно да влезам,“ раскажа еден патник на социјалните мрежи.

Слични проблеми пријавија и други патници кои патувале во Франција и Шпанија.На аеродромот во Минхен, според извештаи, патниците губат и до 50% повеќе време во обид да се снајдат со киосците за биометрија. На аеродромите во Мадрид, скенерите за отпечатоци на патници над 65 години честопати не функционираат, што предизвикува застој на редовите.

Семејства кои патувале со малолетни деца ја пропуштиле авионската карта поради долго чекање на EES и на шалтерите за предавање багаж. Аеродромите советуваат патниците да носат само рачен багаж, бидејќи редовите за предавање багаж се особено долги.

Додаден предизвик се штрајковите на 12 аеродроми во Шпанија, кои се најавени да почнат на 17 април. Штрајкуваат работници за укрцување, ракување со багаж и контрола на летови, што дополнително ќе предизвика доцнења и откажувања на летови.

Патниците се предупредуваат: стигнете најмалку 4 часа пред лет, бидете подготвени на можни застои и следете ги информациите на аеродромите.Системот EES е наменет за поголема контрола и безбедност, но за сега резултира со големи гужви, заглавени автобуси и пропуштени летови, особено во периоди на празници и летна сезона.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk