logo
logo
logo

Трамп директно прашан дали би го уапсил Путин на ист начин како Мадуро: „МНОГУ СУМ РАЗОЧАРАН ОД НЕГО...“

Vecer | 10.01.2026

Трамп директно прашан дали би го уапсил Путин на ист начин како Мадуро: „МНОГУ СУМ РАЗОЧАРАН ОД НЕГО...“

Американскиот претседател Доналд Трамп коментираше за можноста за операција против рускиот претседател Владимир Путин, споредувајќи ја со акцијата што американската војска ја спроведе против венецуелскиот лидер Николас Мадуро, кој беше уапсен и изведен пред суд во Њујорк.

Трамп зборуваше за оваа тема на состанок со раководителите на нафтените и гасните компании.

Еден од новинарите потсети дека украинскиот претседател Володимир Зеленски коментираше за апсењето на Мадуро, велејќи дека ако диктаторите се третираат на овој начин, Соединетите Американски Држави јасно знаат што да прават, со јасна алузија на рускиот лидер. Потоа новинарот го праша Трамп дали „венецуелското сценарио“ може да се повтори во случајот со Русија.

- Не мислам дека ќе биде потребно. Отсекогаш сум имал многу добри односи со него. Но, многу сум разочаран, одговори американскиот претседател.

Во таа прилика, Трамп повторно се осврна на она што го нарече „решавање на осум војни“ и изрази надеж дека војната на Русија против Украина ќе биде „една од најлесните“ за решавање.

Сепак, според него, само во текот на изминатиот месец, загубите на бојното поле изнесувале околу 31.000 луѓе, меѓу кои, како што изјави, голем број руски војници. Тој додаде дека руската економија е „во лоша состојба“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk