logo
logo
logo

Папата долго размислуваше за својот погреб - ЕВЕ ЈА ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА

Vecer | 21.04.2025

Папата долго размислуваше за својот погреб - ЕВЕ ЈА ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА

Папскиот погреб традиционално е сложен процес, но папата Франциско неодамна ги одобри плановите за рационализирање на целиот процес за неговиот погреб, наведува Би-Би-Си.

Погребите на врховните поглавари на Римокатоличката црква, по традиција, вклучуваат три ковчези - направени од чемпрес, олово и даб, но папата Франциско избра да биде погребан во едноставен дрвен ковчег обложен со цинк.

Тој, исто така, ја укина традицијата за поставување на телото на папата на подигната платформа - позната како катафалк - во базиликата Свети Петар, за јавноста.

Наместо тоа, ожалостените ќе бидат поканети да му оддадат почит додека неговото тело е во ковчегот, со изваден капак.

Франциско, исто така, ќе биде првиот папа по повеќе од еден век кој ќе биде погребан надвор од Ватикан - неговите посмртни останки ќе бидат положени во базиликата Санта Марија Маџоре, една од четирите главни папски базилики во Рим, соопшти британскиот јавен сервис.

Претходно денеска Ватикан преку видео-објава објави дека папата Франциско почина на 88-годишна возраст.

Папата Франциско беше првиот латиноамерикански поглавар на Римокатоличката црква.

За време на неговото 12-годишно папство, тој страдаше од разни болести.

Тој беше хоспитализиран на 14 февруари во римската болница Гемели поради тешка респираторна инфекција.

Ватикан на 21 март извести дека папата полека ги враќа силите, но дека ќе треба да го врати говорот откако ќе добие терапија со кислород.

Папата беше отпуштен од болница на 23 март, по што закрепна во папската резиденција Каса Санта Марти. Оваа година Папата не присуствуваше на велигденските богослужби во Ватикан. Службите беа предводени од неколку кардинали.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk