logo
logo
logo

Авион се урна во станбена зграда: Најмалку двајца мртви

Vecer | 31.05.2025

Авион се урна во станбена зграда: Најмалку двајца мртви

Најмалку две лица загинаа денес кога мал авион се урна во станбена зграда во Коршенбрајх, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, предизвикувајќи пожар во дел од зградата.

Авионот паднал во дворот пред зградата, зафаќајќи дел од фасадата, додека ѕидот на зградата бил тешко оштетен. Полицијата соопшти дека една од жртвите е 71-годишна жена пилот и дека работат на идентификување на другата жртва, пренесува АП.

Од трите лица регистрирани како жители на зградата, двајца не биле присутни во моментот на уривањето и подоцна контактирале со полицијата.

Според „Билд“, авионот се обидел да слета во блискиот Менхенгладбах откако пилотот претходно пријавил проблеми со моторот. Кратко потоа, авионот се урна.

Бројни полицајци, пожарникари и спасувачки служби беа на местото на несреќата, а околностите под кои се случи несреќата сè уште не се разјаснети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk