Дебел слој африканска прашина го покри градскиот регион на Атина, намалувајќи ја видливоста и создавајќи маглива атмосфера низ Атика, а прашината, во комбинација со густата облачност, ги одржа температурите под 23 степени Целзиусови, дури и во центарот на градот, објави денес „Екатимерини“.
Според Националната опсерваторија во Атина, се очекува силните јужни ветрови, кои вчера донесоа прашина од Сахара во грчката престолнина, до крајот на денешниот ден да ослабнат и да се движат кон запад, што ќе помогне во разведрувањето на небото.
Метеорологот Јоргос Катафилијас пријави зголемени концентрации на прашина во неколку региони, особено во Атика, Пелопонез и Крит, каде што нивоата надминаа 130 микрограми на кубен метар, што е речиси три пати повеќе од безбедната граница. Зголемено ниво на прашина е забележано и на Кикладите и Додеканезите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата