Неверојатна војна во пораки се одвиваат вечерва помеѓу довчерашните пријатели и соработници - Елон Маск и Доналд Трамп.
Обвинувањата фрчат од едниот кон другиот со барања за импичмент на Трамп и замена со ЈД Венс, со тоа дека Трамп го има во досиејата на излогласениот Џефри Епстајн.

Поранешниот советник Стив Бенон побара од Трамп депортација на Елон Маск
Трамп одговори дека треба да се укинаат владините субвенции за ЕВ на Тесла на Елон Маск.
Откако Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека најлесниот начин да се заштедат пари во буџетот е да се елиминираат владините субвенции и договори на Маск, милијардерот повторно проговори.
- Ајде, разубавете ми го денот... - одговори Маск на платформата X.
Трамп, исто така, рече дека е изненаден што Бајден веќе не го сторил тоа, додавајќи дека станува збор за милијарди долари. Маск, во меѓувреме, напиша во друг твит дека, со оглед на изјавата на претседателот за раскинување на неговите владини договори, SpaceX веднаш ќе започне со пензионирање на вселенските летала „Драгон“.
Маск рече дека Трамп немало да победи без неговата помош и дека новиот буџет ќе предизвика рецесија во САД.
За време на нивната расправија, акциите на Тесла паднаа за 14 проценти поради „интензивното тргување“ поттикнато од јавната расправија. Цената веќе малку паѓаше во првата недела од јуни, откако порасна во мај кога Маск рече дека ќе посвети повеќе време и внимание на Тесла.
Затегнатите односи меѓу Маск и Трамп во четврток дополнително ја влошија ситуацијата. Тесла изгуби 1 трилион долари во вредност и сега вреди 916 милијарди долари, според CNBC. Сепак, моменталната цена на акцијата од 278,40 долари е сè уште значително повисока од пред една година, кога беше 178 долари, објавува Би-Би-Си.
Во серија лути објави на социјалните медиуми, Елон Маск посочи дека без него, Доналд Трамп немаше да ги победи претседателските избори во САД минатата година.
Маск донираше околу 290 милиони долари на кампањата на Доналд Трамп и на другите републикански кандидати во 2024 година.
Вознемирени се и Републиканците и Демократите, а реагираат и берзите со пад на индексите.
Што да пише човек а веста да не е застарена во вечерашната војна помеѓу Трамп и Маск?
Само дека сега станува појасно зошто српскиот претседател Александар Вучиќ го фатило срце и хиперсонично се врати од САД во Србија, без да се сретне со Доналд Трамп и со Елон Маск
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата