Соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во Њујорк по големата американска воена операција во Венецуела.
Мадуро е задржан во притворен центар во Бруклин, каде што чека судење по обвиненијата за трговија со дрога и оружје.
Во меѓувреме, Врховниот суд на Венецуела ја назначи потпретседателката Делси Родригез за вршител на должноста претседател.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика да не им се спротивставува на САД. „Ако не го стори она што е исправно, ќе плати многу висока цена, веројатно повисока од Мадуро“, објави тој.
Трамп ѝ се закани на жената што го замени Мадуро
Доналд Трамп ја предупреди потпретседателката на Венецуела и вршител на должноста претседател Делси Родригез да не им се спротивставува на САД.
„Ако не го стори она што е исправно, ќе плати многу висока цена, веројатно повисока од Мадуро“, изјави американскиот претседател за „Атлантик“ во телефонско интервју утрово според американско време.
Трамп додаде дека Венецуела можеби не е последната земја во која САД би можеле да интервенираат.
„Апсолутно ни е потребен Гренланд“, рече тој, истакнувајќи дека островот е „опкружен со руски и кинески бродови“.
И дискутирајќи за иднината на Венецуела, тој сигнализираше јасно отстапување од неговата претходна одбивност кон промената на режимот и градењето на нацијата, отфрлајќи ги загриженостите на многумина во неговата база на MAGA.
„Знаете, обновата таму и промената на режимот, како и да сакате да го наречете, е подобро од она што го имате во моментов. Не може да биде полошо“, рече тој.
Венецуелската војска ja поддржа потпретседателката да дејствува како привремен претседател
Министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино Лопез, изјави дека војската ѝ дала поддршка на потпретседателката Делси Родригез да дејствува како привремен претседател на Венецуела.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата